Многу емоции, ниту еден гол. Мексико и Полска ја повторија партијата на Данска и Тунис и одиграа 0:0 во третиот денешен меч на Мундијалот во Катар.
Мексико, кој беше благ фаворит на овој натпревар, беше малку поопасен во првото полувреме, додека Полјаците презедоа иницијатива во вториот дел, а добија и пенал.
Морено го задржа Левандовски, судијата реши да покаже на белата точка по консултација со ВАР, а одговорноста ја презеде Роберт Левандовски и промаши. Поточно, Франциско Гилермо Очоа, повторно се претвори во најдобар голман за време на Мундијалите, му одбрани пенал и го спаси својот тим од пораз.