Ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски, сака да го продолжи договорот со клубот за уште една сезона, тврди Радио Каталуња. Тековниот договор на Полскиот интернационалец истекува на лето, со опција за продолжување за уште 12 месеци.
Во оваа фаза, клубот не водел разговори со 37-годишниот фудбалер на оваа тема. На „Камп Ноу“ во моментов немаат такви намери, според последните информации.
Од почетокот на сезоната, Левандовски има 8 натпревари и 4 гола во сите натпреварувања, но сè повеќе останува резерва во тимот на Ханзи Флик на сметка на Феран Торес. Полјакот се пресели во Барса во летото 2022 година од Баерн Минхен за 50 милиони евра.

