Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, вчера во Гелзенкирхен на теренот на Шалке го забележа првиот хет-трик во новата сезона во Бундес лигата.
Интернационалецот од Полска беше стрелец на трите гола за убедливата победа на неговиот тим од 3 спрема 0. Интересно е тоа што голгетерот досега ги даде сите погодоци за Баварците ако се гледа и стартното коло кога Баерн одигра дома нерешено со Херта 2 спрема 2.
„Секогаш може да бидам уште подобар бидејќи имам потенцијал за напредок. Сакам да и помогнам на екипата бидејќи таа освојува титули. Индивидуалните резултати не носат успех за тимот“ – потенцираше Левандовски.