Барселона се подготвува да упати нова и подобрена понуда до Баерн Минхен за Роберт Левандовски, пренесува германскиот весник „Билд“.
Баварците веќе одбија понуда од Каталонците вредна 32 милиони плус дополнителни 5 милиони бонуси. Новиот предлог се очекува да пристигне во канцелариите на германскиот шампион до крајот на оваа недела.
Левандовски веќе постигна договор со раководството на Барселона за неговите лични услови и ќе потпише тригодишен договор доколку двата тима се договорат. Германското издание информира и дека Хасан Салихамиџиќ и Левандовски имале неколку телефонски разговори во последните денови и во нив успеале да се договорат да ги прекинат вербалните препукувања во медиумите и да најдат компромисна опција да го пуштат играчот.
Баерн се согласи да прифати понуда вредна 40 милиони евра, бидејќи полскиот напаѓач има само една година од договорот со тимот.

