Полскиот напаѓач од Баерн Минхен, Роберт Левандовски го сподели своето мислење за најдобрите натпревари во неговата кариера.
„Имаше многу од нив. Но, оној кој би го одбележал е натпреварот против Волфсбург кога постигнав пет гола за девет минути. Тоа беше нешто посебно. Тоа всушност е невозможно да се направи, но јас го направив. Никогаш не можев да сонувам за такво нешто. Ќе го паметам тој натпревар до крајот на животот. Секако, јас не ги заборавив четирите гола против Реал Мадрид кога играв за Борусија Дортмунд“ рече Левандовски.
Оваа сезона Левандовски постигна 25 гола на 23 натпревари од германската Бундес лига. 31-годишниот Левандовски води на листата на стрелци во Бундес лигата. Второто место со 21 гол го зазема напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер, трет со 14 гола е Џејдон Санчо.