Голгетерот на Барселона, Роберт Левандовски, постави рекорд во Лигата на шампионите по бројот на постигнати голови за различни клубови.
Полскиот интернационалец на вчерашниот меч со Борусија Дортмунд во рамките на 1 / 4 финалето, успеа по 11 пат во тековнава сезона да се запише во листата на стрелците.
36-годишниот напаѓач стана првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал најмалку 10 голови на еден турнир за три различни клуба: Барселона, Баерн и Борусија Дортмунд.

