33-годишниот полски фудбалер, Роберт Левандовски, верува дека може да одигра одлично во редовите на Барселона.
Голгетерот кој во текот налетово го напушти Баерн Минхен и се пресели во Примера Дивизион, нагласи дека неговото тело може да го издржи предизвикот.
„Тестовите кои ги поминав покажуваат дека моето тело е всушност помладо од моите години. Не знам уште колку години ќе играм на највисоко ниво, но сигурно е дека ќе играм“ – вели новиот напаѓач на Каталонците.