Денес беа извлечени натпреварувачките двојќи за четвртфиналето од Купот на Кралот. Откако беа елиминирани Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, Барселона заедно со Севиља остануваат главните кандидати за трофејот, но оваа сезона има голем броиј на изненадувања, па никој не може да биде сигурен.
Каталонскиот гигант за полуфинале ќе се бори на гости кај Гранада. Атлетик Билбао за свој противник го доби Реал Бетис, а Севиља ќе игра против Алмерија.
Екипата на Леванте во чии редови настапува Енис Барди ќе игра против Виљареал и тоа на домашен терен. Четвртфиналните натпревари ќе се играат во период од 2-4 февруари.

