Баер Леверкузен ќе смета на Каи Хавeртц до крајот на нивното учество во Лигата на Европа. Ова го изјави спортскиот директор на клубот Руди Фелер. По неговата одлична сезона, некои од европските гиганти се заинтересирани за Хаrетрц, но Челзи е фаворит да потпише со овој фудбалер.
Според англиските медиуми, самиот играч сака да им се придружи на лондончаните и веќе има договор со нив. Сепак, Баер Леверкузен нема намера да го ослободи пред да ги заврши своите настапи во европските натпреварувања.
„Нема никакво сомнение. Нема промена”, Рече Руди Фелер на прашањето дали Хавертц би играл за тимот во Лига Европа.
Тој додаде дека нема да го продаваат играчот по пониска цена, поради финансиската состојба предизвикана од коронавирусот. „Нема да има корона бонус. Без разлика за кој играч зборуваме, ова ќе биде специјален трансфер период”, рече Фелер. Германскиот клуб бара околу 100 милиони евра за Хавертц.
Сепак, Челзи не покажа дека кризата влијае на клубот финансиски. Лондончани веќе ги привлекоа Хаким Зијеш од Ајакс и Тимо Вернер од РБ Лајпциг, најавувајќи дека нивната активност на трансфер пазарот не е завршена.