Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем планираат да му дозволат на Хари Кејн да ја промени средината доколку пристигне понуда од 200 милиони фунти, објавија денеска медумите во Англија.
Според реномираниот – „Дејли меил“, првиот човек на „Спарси“, Даниел Леви, очекува евентуалниот трансфер на напаѓачот да му помогне на клубот да покрие дел од трошоците. Тотенхем кој се определи да ја користи и помошта од Владата во Британија, должи повеќе од 600 милиони фунти за стадионот и околу 80 милиони за трансфери.
Како најсериозен кандидат за потписот на врвниот голгетер кој полека се опоравува од потешката повреда се наметнува екипата на Манчестер Јунајтед.