Сопственикот на фудбалскиот состав Тотенхем, Даниел Леви, се наврати на периодот кога ги презеде лондончани.
„Кога првпат дојдовме во Тотенхем, победата ни гарантираше останување во Премиер лигата. Потоа, со текот на времето, станувавме сè поуспешни. Се боревме да влеземе во Лига Европа а потоа и во Лигата на шампионите“ – вели Леви.
„Тоа беше неверојатно искуство и за 22 години Тотенхем енормно напредуваше. Дали сум разочаран што не освоивме повеќе од еден трофеј во последните 15 години? Апсолутно не. Мислам дека имавме неколку фантастични моменти’ – изјави Леви