Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Лидерот Вардар ги стартува подготовките на 9 јануари
    Фудбал

    Лидерот Вардар ги стартува подготовките на 9 јануари

    risteBy riste03/01/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Лидерот на табелата во ПМФЛ, ФК Вардар денес го објави планот на зимските подготовки на Вардар. „Црвено-црните“ повторно главните подготовки ќе ги имаат во Анталија, Турција, каде што ќе биде стациониран 20 дена, и ќе бидат одиграни шест контролни натпревари, од кои пет се веќе закажани, а за еден се чека официјализација.

    Вардарци се собираат на 9. јануари во тренинг кампот во Хиподром, кога ќе биде извршена првата прозивка и првиот тренинг. Шест дена подоцна екипата заминува во Анталија, а првиот контролен меч е на 20. јануари со Хајдук. Потоа Вардарци ќе играат против Динамо Киев, Црвена Звезда, Борац Бања Лука и Мура. Се чека потврда на противникот за пријателскиот меч на 26. јануари.

    Во Анталија, експедицијата ќе биде сместена во два хотели. Од 15.01 до 25.01, Вардарци ќе отседнат во „Miracle hotel”, а од 25.01 до 04.02 ќе бидат сместен во „Titanic beach hotel“.

    Шефот на стручниот штаб Александар Васоски го соопшти планот и очекувањата околу зимските подготовки.

    „Прво да им честитам Нова година и Божиќни празници на сите симпатизери на Вардар. За нас ова ќе биде година во која ќе мора да ги потврдиме игрите од првиот дел, да бидеме уште подобри, да се подобриме во секое поле, и нормално сите ние и нашите навивачи посакуваме да ја заокружиме со титула. Што се однесува до подготовките, почнуваме на 9. јануари. Ќе тренираме во нашиот тренинг камп во Хиподром до 14. јануари, а потоа на 15. јануари заминуваме во Анталија каде ќе одиграме пријателски натпревари со цел да го издигнеме нашето ниво и нашиот систем на игра. Резултатите од контролите не се во прв план. Играчкиот кадар е добро познат на јавноста, сега останува уште подобро да се воиграме и подготовени да го дочекаме пролетниот дел“, рече шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски.

    ПЛАНОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА ВАРДАР:
    СКОПЈЕ, ХИПОДРОМ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР 09.01.2020 – 14.01.2020
    АНТАЛИЈА, ТУРЦИЈА 15.01.2020 – 04.02.2020

    ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ:
    20.01. – Вардар – Хајдук (Хрватска)
    23.01. – Вардар – Динамо Киев (Украина)
    26.01. – пријателски натпревар (противникот дополнително ќе биде објавен)
    29.01. – Вардар – Црвена Звезда (Србија)
    02.02. – Вардар – Борац Бања Лука (БИХ)
    03.02. – Вардар – Мура (Словенија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.