Лидс Јунајтед официјално потврди дека менаџерот на тимот Марсело Биелса потпишал договор со клубот за уште една година.
Аргентинецот го презеде тимот летото 2018 година, кога потпиша за две години. Неговиот договор истече, но двете страни се согласија да го продолжат за уште 12 месеци, па Биелса ќе го предводи Лидс во првата сезона на тимот во Премиер лигата по пауза од 16 години.
Вчера, на неговата прес-конференција пред мечот со Ливерпул, Биелса откри дека сè е јасно. Денес клубот ја потврди информацијата.
Медиумите на Островот тврдат дека 65-годишниот тренер ќе добие 8 милиони фунти следната сезона, што ќе го направи шестиот најскап тренер во Премиер лигата. Во оваа екипа настапува и нашиот репрезентативец Алиоски кој ќе има сериозна конкуренција да се наметне кај својот тренер бидејќи оваа екипа се засили буквално на сите позиции.