Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Лидс Јунајтед го потврди назначувањето на Џеси Марш
    Фудбал

    Лидс Јунајтед го потврди назначувањето на Џеси Марш

    risteBy riste01/03/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    48-годишниот американски фудбалски тренер Џеси Марш, познат по својата работа како предводник на германскиот РБ Лајпциг, стана главен тренер на англискиот Лидс Јунајтед. Ова го објави прес-службата на клубот од Лидс на официјалната веб-страница.

    „Среќни сме што му посакавме добредојде на Џеси во клубот и среќни сме што тој ќе отвори ново поглавје за нас. Џеси е некој што го идентификувавме пред неколку години за време на неговиот престој во РБ Салцбург и веруваме дека неговата филозофија и стил на фудбал се во согласност со филозофијата на клубот и многу добро ќе им одговараат на играчите“ се вели во информацијата објавена од клубот.

    Потврдено е дека Џеси Марш потпишал договор со Лидс до јуни 2025 година. Претходно, тој работеше за клубови како Монтреал Импакт, Њујорк Ред Булс, РБ Салцбург и РБ Лајпциг. Меѓу неговите достигнувања се: Освојување на регуларниот дел од сезоната на МЛС (2015), шампион на Австрија (сезона 2019/2020 и 2020/2021), како и освојување на Купот на Австрија (сезона 2019/2020 и 2020/2021).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов

    22/03/2023

    Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте

    22/03/2023

    Де Бруин е новиот капитен на Белгија

    22/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ништо од боксерскиот спектакл: Усик и Фјури не можат да се договорат
    • Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов
    • Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте
    • Де Бруин е новиот капитен на Белгија
    • Уапсен првиот човек на косовскиот фудбал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.