Челниците на фудбалскиот состав, Лидс, се во преговори со РБ Салцбург за американскиот интернационалец, Брендон Аронсон.
Англичаните во јануарскиот трансфер период понудија 18 милиони евра за 21-годишниот талент, но, австрискиот состав не прифати бидејќи инсистира да добие сума од 25-30 милиони.
Двете страни деновиве се во постојан контакт за да најдат начин како да се реализира трансферот во текот на летото.