Доцна вечер од 21.00 часот не чекаат нови два меча во фазата на елиминации во елитата на Европа.
Борусија Дортмунд ќе го пречека составот на Челзи. За германскиот тим треба да играат: Кобел; Рајерсон, Суле, Шлотербек, Гереиро; Озџан, Белингем; Адејеми, Ројс, Брант и Халер. За Челзи: Кепа; Џејмс, Силва, Чалоба, Кукурела, Фернандез, Ковачиќ, Жоао Феликс, Маунт, Мудрик и Хаверц.
Бриж ќе биде домаќин на Бенфика. За белгискиот тим треба да започнат: Мињоле; Мата, Хендри, Мечеле, Мејер; Риц, Онидика, Ванакен; Букенан, Јаремчук и Ланг. За тимот од Португалија се очекуваат : Влаходимос; Бах, Антонио Силва, Отаменди, Грималдо; Чикињо, Флорентино; Жоао Марио, Нерес, Орнес и Гуедес.