Нова рунда на натпревари од Лигата на шампионите не очекуваат вечерва, средбите од 3 коло со кое ќе биде комплетиран првиот круг во групната фаза од елитното натпреварување. Неколку интересни инеизвесни средби се играат вечерва, но секако најинтересниот натпревар се игра во Мадрид, каде Реал мора да победи во дуелот против Интер за да остане во трка за пласман во осминафиналето.
Првиот натпревар од групата А се игра во терминот од 18.55, во Москва екипата на Локомотив го пречекува Атлетико Мадрид. За оваа средба домашната екипа нема да може да смета на Баринов и Лисов, а неизвесни се Чорлука и Магкеев. Гостите од Мадрид за гостувањето во Москва ќе бидат без Караско,Коста и Врсаљко, но со зголемена самодоверба бидејќи се во серија од 3 победи по ред во сите натпреварувања. Вториот дуел од оваа група се игра во Австрија, Салцбург го пречекува актуелниот шампион, Баерн Минхен. Салцбург за овој дуел ќе биде без Дака и Диара, додека списокот на оние кои ќе недостасуваат кај Баерн е поголем, ќе недостасуваат Дејвис, Фелдхан, Горетцка, Куаси, Зуле и Тилман.
Во оваа група води Баерн со 6, пред Атлетико Мадрид со 3, додека Локомотив Москва и Салцбург имаат по 1 освоен бод.
Групата Б ни го носи и дербито на вечерта, дуелот меѓу Реал Мадрид и Интер, но најнапред во оваа група ќе се одигра натпреварот во Украина, каде Шахтјор од 18.55 часот го пречекува тимот на Борусија Менхенгладбах.
На „Олимпискиот стадион“ во Киев, Шахтјор ќе се обиде да дојде до победа која ќе го доближи до пласман во елиминациите на ЛШ, играат против Менхенгладбах, но исто така имаат одредени проблеми со составот на екипата за оваа средба. Во редовите на Шахтјор ќе ги нема Дентињо, Исмаили, Конопјанка и Малишев, а неизвесни се Кочолава, Коваленко, Кривцов и Дос Сантош Педро. Кај гостите од Германија нема да може да настапат Бајер, Полсен и Закариа.
Дербито во групата и на вечерта се игра во Мадрид, Реал го пречекува Интер. Домашната екипа е пред императив да дојде до победа, но и во Интер мора да размислуваат за победа. Зидан нема да може да смета на Карвахал, Милитао, Начо, Одегард и Одриозола, додека неизвесен е Лукас Васкез. Кај Интер нема да играат Лукаку, Сенси и Векино, додека под знак прашање е настапот на Алексис Санчез. Во оваа група води Шахтјор со 4, пред Борусија Менхенгладбах и Интер кои имаат по 2 бода, додека Реал Мадрид е последен со 1 освоен бод.
Во Ц-групата на „Етихад“, Манчестер Сити го пречекува Олимпијакос, но Гвардиола нема да може да смета на Агуеро, Фернандињо и Менди, а сеуште чека зелено светло за Габриел Жесус. Кај гостите ќе ги нема Ба, Камара и Фортунис. Во вториот натпревар Порто е домаќин на Олимпик Марсеј, а Парто ќе биде без услугите на Маркано и Мбаје, додека неизвесен е Пепе. Кај Марсеј единствено ќе недостасува јапонскиот интернационалец Нагатомо. Пред вечерашните натпревари Манчестер Сити е лидер со 6 бода, пред Порто и Олимпијакос кои имаат по 3, додека Олимпик Марсеј е на последната позиција без бодови.
Групата Д ни ги носи дуелите меѓу Аталанта и Ливерпул, односно Мидтјиланд и Ајакс. Во Бергамо, Аталанта ќе се обиде да направи изненадување против фаворитот Ливерпул, а за тоа ќе треба да се надминат себе си и тоа без услугите на Калдара, Де Рун, Госенс и Сутало. Клоп за ова гостување ќе биде без Фабињо, Оклејд-Чемберлен и Ван Дајк кои се повредени, а незивесни за настап се Алкантара, Кеита и Цимикас. Интересен ќе биде и вториот натпревар во оваа група, во Хернинг, Мидтјиланд го пречекува Ајак. Гостите со многу проблеми пред оваа средба, во тимот се појавија многу позитивни тестови на ковид-19 па дел од играчите нема да настапат. Ќе недостасуваат 9 играчи,а меѓу нив се Тадиќ, Онана, Шерпен и Стекеленбург. Кај домашната екипа нема да играат Хансен, Жуниор Брунадо и Рис.
Ливерпул е во најдобра ситуација со 6 освоени бодови, Аталанта има 4 додека Ајакс 1 бод, а Мидтјиланд вечерва ќесе обиде да го освои првиот бод. Натпреварите во оваа група, како и во групата Ц се играа во терминот од 21 часот.
Група А
18.55 Локомотив Москва – Атлетико Мадрид
21.00 РБ Салцбург – Баерн Минхен
Група Б
18.55 Шахтјор – Борусија Менхенгладбах
21.00 Реал Мадрид – Интер
Група Ц
21.00 Манчестер Сити – Олимпијакос
21.00 Порто – Олимпик Марсеј
Група Д
21.00 Аталанта – Ливерпул
21.00 Мидтјиланд – Ајакс

