Главниот дуел од денешната програма е средбата помеѓу Јувентус и Челзи во Торино од групата Х. Во првиот натпревар Јувентус, кој не започна добро во Серија А, го совлада Малме со 3:0, додека лондончани успеаја минимално со 1:0 да слават против Зенит. Од друга страна Челзи игра добро на сите фронтови, па победата на една одовие две екипи, широко ќе ги отвори вратите кон пласман во елиминациите. Во исто време, Зенит нема право да згреши против Малме, па ќе мора мотивинарно да влезе на оваа средба и без потценување на противникот.
Во групата Е, германскиот гигант Баерн го пречекува Динамо (Киев). Во првото коло, Баварците беа подобри од Барселона со 3:0 како гостин и генерално играат беспрекорно во сите натпреварувања. Во последните пет натпревари, Баерн забележа пет победи, постигна 22 гола, а прими само два.На еден од фудбалерите на Баерн Минхен – Томас Милер, му треба само еден гол за да влезе во престижниот клуб на играчи со најмалку 50 гола во Лигата на шампионите. Така, тој ќе го изедначи постигнувањето на Тиери Анри, а пред него ќе останат само светските sвезди како Кристијано Роналдо, Лионел Меси, неговиот соиграч Роберт Левандовски, Карим Бензема, Раул Гонзалес и Руд ван Нистелрој. Во другиот натпревар од групата, Бенфика ја пречекува Барселона, која во неделата ја врати самодовербата со победата од 3:0 над Леванте во Ла Лига.
Во групата Ф, Манчестер Јунајтед е домаќин на Виљареал. Првата ѕвезда на домашната екипа Кристијано Роналдо може да го подобри рекордот на Икер Касиљас по бројот на натпревари во Лигата на шампионите доколку биде дел од тимот, што е многу реално, доколку не се случи нешто непредвидено. Двајцата во моментов имаат по 177 одиграни натпревари. „Црвените ѓаволи“ исто така ќе бараат одмазда против шпанскиот противник за загубеното финале во Лига Европа по изведувањето на пенали на мечот одигран оваа година во Гдањск. Во другиот натпревар од групата, италијанската екипа Аталанта е домаќин на швајцарскиот Јанг Бојс, а мечот се игра во Бергамо.Групата Г ни ги нуди натпреварите РБ Салцбург-Лил и Волфсбург-Севиља, кои на прв поглед не предизвикуваат голем интерес кај мнозинството навивачи. Сепак, ситуацијата во групата е исклучително интересна, бидејќи сите четири екипи имаат по 1 бод по првото коло и вечерва сите ќе се обидат да ја искористат предноста, што ветува интересни натпревари.