Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Лихтштајнер ја заврши кариерата на 36 години
    Фудбал

    Лихтштајнер ја заврши кариерата на 36 години

    risteBy riste12/08/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Швајцарскиот дефанзивецот Стефан Лихтштајнер го објави крајот на својата фудбалска кариера на 36 години, откако ја отфрли понудата за останување до Европското првенство следната година.

    36-годишниот десен бек ја објави својата одлука во изјава преку Швајцарската фудбалска федерација. Неговата првична одлука беше да игра на ЕУРО 2020 и потоа да заврши, но поради пандемијата на коронавирус првенството беше презакажано за следната година. Откако беше замолен од федерацијата да ја преиспита својата позиција и да ја заврши кариерата следната година, тој одговори дека сега е добро време да се збогува со фудбалскиот терен како играч.

    Лихтштајнер е еден од најредовните играчи во Швајцарија и постојан стартер во националниот тим. Севкупно, ја заврши кариерата со 108 натпревари за Швајцарија, носејќи го дресот на последните три Светски првенства и на два Европски шампионати во 2008 и во 2016 година. На последниот Мундијал во 2018 година во Русија, Швајцарија стигна до 16-то коло.

    За време на неговите седум години во Јувентус, тој му помогна на тимот да дојде до титулите секоја година, а двапати стигна до финалето во Лигата на шампионите. Покрај Јувентус, ветеранот ги бранел боите на Лацио, Лил, Арсенал и неговиот матичен клуб Грасхоперс, како и Аугсбург во Германија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ливерпул фаворит за потписот на Маунт

    30/03/2023

    Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?

    30/03/2023

    Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим

    30/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ливерпул фаворит за потписот на Маунт
    • Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?
    • Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим
    • Дијаз ќе добие понуда од Англија
    • Горецка: со нетрпение ги чекаме дуелите со Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.