Десниот бек на Јувентус, Стефан Лихтштајнер ќе оди во Борусија (Дортмунд) по крајот на сезоната. Швајцарскиот репрезентативец веќе објави дека го напушта Јувентус, а медиумите во Италија откриле дека следната дестинација во неговата кариера ќе биде Бундеслигата.
Веб страницата на „Калчомеркато“ тврди дека братот на дефанзивецот, кој исто така е и негов личен агент, одржал успешни разговори со челниците на Борусија. „Жолто-црните” се обидуваат да го привлечат Лихтштајнер веќе две години и нивната цел конечно ќе се реализира.
Договорот на 34-годишниот играч со Јувентус е до ова лето, а во наредните денови тој ќе потпише пред-договор со Борусија Дортмунд. Лихтштајнер помина 7 години во Јувентус, а пред тоа играше за Грасхоперс, Лил и Лацио.