Бранителот на пехарот во Лигата на шампионите, Челзи, доцна вечер од 21.00 ќе гостува кај екипата на Лил. „Сините“ од Лондон го добија првиот меч со 2:0 и сега може релаксирано да одиграат на гостувањето во Франција.
Францускиот клуб никогаш не стигнал до четвртфиналето на Лигата на шампионите, но, главниот тренер, Жослен Гурвенек, се надева дека вечер неговите момци ќе испишат историја. Двата тима се сретнале три пати а сите пресметки ги доби Челзи. Гол разликата е 6-2 за лондончани.
Веројатни состави: ЛИЛ (4-4-2): Жардим; Челик, Фонте, Ботман, Џало; Бамба, Андре, Шека, Гудмундсон; Дејвид, Јилмаз.ЧЕЛЗИ (3-4-3): Менди; Т. Силва, Кристенсен, Рудигер; Аспиликуета, Канте, Ковачиќ, М.Алонсо; Зиеш, Хаверц, Пулишиќ. СУДИЈА: Маса (Италија)