Лина дојде на чекор до финалето во Франција

0

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува да бележи одлични настапи во игра на двојки на турнирот во Калви кој се реалзира на тврда подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Таа и домашната претставничка Французинката, Амандин Ес, како први носителки, ги совладаа Флави Бруњон и Обан Дрог во два сета со идентичен резултат 6-2.

Лина и Амандин во последниот филтер пред финалето ќе се сретнат со Жад Сувреј и Луси Нгујен Тан откако нивните противнички, Марго Јеролимо и Анџелика Моратели го предадоа мечот.

 

 

Share.

Leave A Reply