Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа ќе се бори за победничкиот пехар на фјучерс турнирот во Куршумлиска бања во соседна Србија.
Таа во полуфиналето ја победи Зибак Куламбајев од Казахстан со 2-1 по сетови 6:2, 2:6 и 6:3. Македонката во завршниот меч за првото место ќе се сретне со претставничката од Грција, Марта Матоула.
Седмата носителка на турнирот денеска во полуфиналето ја доби пресметката со Каратанчева откако Бугарката се повлече на стартот на вториот сет .

