Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во финалниот натпревар на турнирот во Ларнака.
Во финалето на ИТФ турнирот во Ларнака, Кипар нашата тенисерка загуби од Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска (5.та носителка) со 2:0 во сетови (6:2, 6:3).
Ова беше прво финале за Лина Ѓорческа во 2024 година или нејзино 34. во сингл во кариерата. Досега има освоено 13 титули.
Лина Ѓорческа останува и следната недела во Кипар, каде ќе учествува на уште еден турнир во Аламинос.