Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на Фјучрс турнирот во Рим, откако денеска во мечот од второто коло ја совлада Жибек Куламбајева од Казахстан со 2-1 во сетови (46, 62, 63) за 2 часа и 7 минути.
Во решавачкиот сет Куламбајева тргна со предност (1:0), но македонската тенисерка не дозволи противничката да се „одлепи“ и по 3:3 направи серија од три гема и го доби сетот со 6:3 и со тоа и мечот со 2:1 во сетови.
Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот Далила Спитери (Италија) и Сеоне Мендез (Австралија).