Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа започна со победа на уште еден турнир во Португалија.
Таа денеска славеше против Илена Ин-Албон од Швајцарија со 2-0 по сетови 6-2 и 6-3 на W50 турнирот во Порто кој се игра за награден фонд од 40.000 американски долари.
Ѓорческа влезе директно во главната фаза а според ранкингот е петта носителка. Таа сега ќе ја чека победничката од мечот Секера (Португалија) и Шунк (Германија).

