Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по натапите во квалификациите на Австралија Опен се врати во Европа и почна со настап на Челинџерот во Порто. Во првиот меч, нашата тенисерка беше убедлива и славеше со 2:0 во сетови против Ралука Сербан од Кипар и со тоа се пласира во 1/8 финалето на овој турнир.
Во гемови беше 6:4 и 6:4, а самиот меч траеше еден час и 40 минути.
Турнирот во Порто (Португалија) е со награден фонд од 60.000 долари.

