Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа, одлично го стартуваше ИТФ Фјучeрсот кој се реализира во Анталија, Турција.
Таа славеше сигурно против Холанѓанката, Хагеман во два сета и тоа со идентични 6:2. Ѓорческа која е рангирана како трета носителка во сингл, утре ќе се појави и во конкуренција на двојки заедно со Ева Ведерер од Холандија.
Тие како втори носителки ќе ги одмерат силите со Јапонките, Козаки и Аикава.