Дефанзивецот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф, беше подложен на „превентивни тестови“ откако имаше потешкотии со дишењето за време на натпревар со Норвич во англиската Премиер- лига, соопштија од клубот.
Од „Олд Трафорд“ објавија дека шведскиот репрезентативец сега се чувствува добро. – Сите индикации велат дека случајот не е поврзан со КОВИД“, објави Јунајтед.
Тоа се случи по само неколку часа откако беше одложен денешниот меч со Брентфорд бидејќи одредени играчи на „црвените ѓаволи“ и дел од персоналот се позитивни на Ковид.

