Полјачката Магда Линет и Белорусинката Арина Сабаленка се последните полуфиналистки на Австралија опен во Мелбурн.
Линет ја елиминира чешката тенисерка Каролина Плишкова со 6:3, 7:5, додека Сабаленка ја победи хрватската тенисерка Дона Векиќ со 6:3 и 6:2.
За Линет ова е прво полуфинале на Грен слем турнир и тоа откако ја победи поранешната светска тенисерка број еден Плишкова за еден час и 27 минути игра.
„Преплавена сум со емоции. Не можам да поверувам. Ова е остварување на сонот“, изјави Линет по најголемата победа во кариерата.
Во второто женско полуфинале ќе се сретнат Викторија Азаренка и Казахстанката Јелена Рибакина.