Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, ќе добие понуда да се пресели во редовите на Интер како позајмен до крајот на сезоната, објави денеска весникот – „Мирор“.
28-годишниот играч кој се појави три пати во Куп дуелите и на само 4 средби од Премиер-лигата, ќе добие зелено светло од тренерот, Оле Гунар Солскјер да го напушти тимот. Доколку најавите се остварат, Лингард би му се приклучил на контингентот на „црвените ѓаволи“ на „Сан Сиро“.
Таму се активни Алексис Санчез, Ешли Јанг и Ромелу Лукаку кои го напуштија англискиот состав и го обелкоа дресот на Интер.