Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард ќе го напушти клубот по крајот на сезоната. Договорот на фудбалерот е до лето и нема намера повторно да потпише нов, пренесува „Manchester Evening News“.
Лингард, кој денеска полни 29 години, за само две недели ќе може да преговара и да потпише преддоговор со друг клуб. Не е среќен што е резерва и речиси една година не започнал како стартер во Премиер лигата. Така, разделбата изгледа неизбежна во оваа фаза.
Во ваква ситуација, Манчестер Јунајтед би сакал да го продаде Лингард во јануари за да добие барем некаково обештетување за него, наместо да го загуби без пари на лето. За англискиот репрезентативец не недостига интерес, бидејќи го бараат англиските Вест Хем, Њукасл, Тотенхем и Евертон, а ситуацијата околу него ја следат европски гиганти како Барселона и Милан.

