Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, најверојатно во текот на летото ќе го напушти „Олд Трафорд“, објавија денеска медиумите на Островот.
Според наведеното, за 27-годишниот Англичанец се заинтересирани четири клубови од Премиер лигата. Лингард иако беше голем талент кој ветува, никако не успеа да се наметне кај „црвените ѓаволи“ по што тие одлучија да го стават на трансфер листата.
Бидејќи неговиот договор ќе истече догодина, Манчестер Јунајтед планира да го продаде во текот на летото за околу 15 милиони фунти. Според најавите, за неговиот потпис конкурираат екипите на: Њукасл, Евертон, Вест Хем и Лестер.

