Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард би можел да бида првото засилување на Њукасл во зимскиот преоден рок.
Њукасл сакаат да го направат Англичанецот нивно прво засилување во јануари, објави весникотб „Сан“. Договорот на 29-годишниот Лингард истекува во летото 2022 година, но тешко дека играчот од средниот ред ќе добие понуда од сегашниот тим за продолжување. Њукасл сака да го искористи ова и да го ангажира играчот во јануари. Лингард оваа сезона постигна два гола на осум натпревари во Премиер лигата. Пазарната вредност на англискиот играч за врска, според интернет порталот Трансфермаркт, изнесува 22 милиони евра.
До крајот на 2021 година, тимот на Ралф Рангник ќе игра натпревари со Њукасл и Барнли, додека на стартот на 2022 година, Манчестер Јунајтед ќе игра против Вулверхемптон на 3 јануари.

