Фудбалерите на Англија со убедливата победа против Панама со 6 спрема 1, го потврдија пласманот во втората фаза на Свесткиот шампиона во Русија. Англискиот репрезентативец, Џеси Лингард, не крие дека е многу среќен по убедливата победа.
„Неверојатно достигнување! Не знаев дека сме ја постигнале најголемата победа за Англија на едно светско првенство. Го постигнав првиот гол за Англија – чувството е уникатно. Се надевам дека ќе давам уште голови во натпреварите кои ни претстојат“ – изјави Лингард.
„Семејството ми е тука и јас сум навистина среќен. Имаме голема самодоверба пред мечот со Белгија. Се надевам дека ќе победиме“ – изјави репрезентативецот на „Гордиот Албион“.