Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, кој ги одработува последните месеци од договорот, влегува во радарот на Пари Сен Жермен, Јувентус, Милан и Њукасл.
29-годишниот фудбалер донел одлука да си замине од „театарот на соништата“ без разлика дали ќе влезе во плановите на новиот тренер, Ерик тен Хаг.
Лингард одигра само еден натпревар како стартер под диригентската палка на Солскјер и само уште три кај сегашниот менаџер, Ралф Рангник.

