Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, пронајде начин како да заработи пари за време на пандемијата на корона-вирусот.
Тој пред неколку дена на профилот на „Инстаграм“ откри дека направил голем број заштитни маски кои го носат логото на неговиот бренд. Членот на „црвените ѓаволи“ откри дека една маска чини 12 фунти и дека цела заработка ќе ја донира во хуманитарни цели или поточно во болниците во Англија.
„Се надевам дека сте добри и безбедни. Од 15 јуни во продажба се заштитните маски кои го имаат мојот заштитен знак“, напиша Лингард.