Играчот од средниот ред на Англија, Џеси Лингард, по квалификацискиот натпревар од Европското првенство во 2020 година со Бугарија, ја повика УЕФА да се бори против расизмот.
„Секој од момците во тимот на Англија е посилен од оние што сакаат да ја уништат убава игра! УЕФА треба да направи нешто со ова! Срамота!”– напиша Лингард на својот „Твитер” профил. Во текот на целиот натпревар, навивачите постојано ги навредуваа црномурестите фудбалери на Англија на расистичка основа.
Главниот судија од Хрватска, Иван Бебек беше принуден да го прекине натпреварот двапати. Англија победи со 6:0 благодарение на двата гола на Рос Баркли и Рахим Стерлинг, како и головите на Маркус Рашфорд и Хари Кејн. Англија со 15 бода е лидер во групата А.