Ден по завршената неизвеснот околу финалистите во Лигата на шампионите, вечерва Европа ги очекува и патниците на финалната пресметка во вторит клупски турнир под капата на УЕФА, Лигата на Европа. Екипата на Олимпик Марсеј гостува кај Салцбург во реванш полуфиналето откако на првата средба пред своја публика оствари победа од 2:0 и е блиску до пласман во финалето во Лион.
Многу поинтересно се очекува да биде во второто полуфинале каде се среќаваат Атлетико (М) и Арсенал, кои на првата средба во Англија одиграа без победник, 1:1. Атлетико и Арсенал не успеаја да се победат во првото полуфинале, а првиот резултат им дава за нијанса повеќе шанса на Шпанците да продолжат понатаму.
За лондончани освојувањето на трофејот е можност да се најдат во Лигата на Шампионите во новата сезона, откако во првенството не успеаја да се пробијат во ТОП 4.