Олимпик Лион на официјалната веб-страница го објави трансферот на дефанзивецот Жером Боатенг. Договорот на 32-годишниот германски фудбалер со францускиот клуб ќе биде до 30 јуни 2023 година.
Да потсетиме, Боатенг играше за Баерн од летото 2011 година. Од 2009 до 2019 година, дефанзивецот беше повикан во германската репрезентација, во која стана светски шампион во 2014 година. Пред Баерн Минхен, Жерпм Боатенг играше за Манчестер Сити, Хамбург и Херта Берлин.
Лион освои 5 поени на 4 натпревари и е на 9 -то место во табелата на француската Лига 1 во оваа сезона. Лидер е ПСЖ со 12 бода. Во следното коло од францускиот шампионат, Лион ќе игра дома со Стразбур. Средбата ќе се одигра на 12 септември.