Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Лион го отпушти Пјер Саж, неговото место ќе го добие Фонсека
    Фудбал

    Лион го отпушти Пјер Саж, неговото место ќе го добие Фонсека

    risteBy riste28/01/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Францускиот тим Олимпик Лион остана без тренер само неколку дена пред натпреварот од Лига Европа. Американскиот претседател на францускиот клуб Џон Текстер го отпушти тренерот Пјер Саж и веќе 10 дена преговара со Пауло Фонсека, пишува „Л‘Екип“.

    Саж беше ослободен поради неодамнешните слаби резултати на тимот и особено по срамниот пораз од аматерскиот тим Бургоњ (2:2 и 2:4 по пенали) во 1/16-финалето на Купот на Франција. Лион загуби и од Брест со 1:2 во Лига 1 и ремизираше 0:0 со Тулуз. Американецот Текстер лично отпатувал за Лион денес за да го извести Саж за својата одлука, бидејќи тој лично го назначи со изненадувачки потег во декември 2023 година.

    Се очекува Пауло Фонсека да биде назначен во текот на денот и најверојатно ќе го води Лион против Лудогорец в четврток во Лига Европа. Американецот е во контакт со него од 2021 година. 51-годишниот поранешен тренер на Лил е слободен откако беше отпуштен од Милан на 30 декември.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.