Францускиот тим Олимпик Лион веројатно ќе побара од УЕФА да ги смени назначените судии за четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампионите против англискиот Манчестер Сити, пренесуваат светските агенции.
Судиите од Холандија, предводени од Дани Мекеели, се избрани за овој натпреварот, кој ќе се одигра утре (недела) 15 август.
Французите сметаат дека овие судии може да бидат пристрасни, затоа што во случај на испаѓање на Олимпик Лион и освојување на трофејот од Манчестер Сити, францускиот клуб ќе ја изгуби шансата да игра на европските клупски натпреварувања следната сезона, а холандскиот Ајакс автоматски ќе се квалификува во групната фаза од Лигата на шампионите.

