Иако речиси една година не е дел од Барселона, Лионел Меси сепак треба да добие значителна сума на пари од клубот.
Според информациите кои беа објавени од радио Каталонија, напаѓачот на Пари Сен Жермен се уште чека околу 60 милиони евра. Ова е акумулирана сума од доцнење на платите за него, откако Каталонците побараа од него да се согласи на одложена исплата поради финансиските проблеми на „Камп Ноу“.
Сепак, кризата во Барса е далеку од решена и Меси се уште ги чека овие 60 милиони. Сумата за која станува збор е акумулирана на почетокот на 2021 година, но нема индикации дека Лео наскоро ќе може да смета на овие пари.
Од клубот моментално бараат начин да генерираат солидни приходи бидејќи им е дозволено да користат само 30% од тој потенцијален приход за нови играчи и плати.