ФИФА, Светската куќа на фудбалот го прогласи Лионел Меси за најдобар фудбалер во светот за изминатата 2019 година, на гала вечерта која се одржа вечерва во Милано.
Номинирани за најдобар фудбалер на годината беа Лионел Меси од Барселона, Кристијано Роналдо од Јувентус и Вирџил Ван Дијк од Ливерпул, а наградата за најдобар ја понесе аргентинската ѕвезда кој ги брани боите на Барселона.
Меси ја предводеше Барселона до титула во „Ла Лига“, десетта во неговата кариера, а исто така ја доби и Златната копачка, со вкупно 36 постигнати гола. Со Барселона играше во полуфиналето на ЛШ и финале во „Копа дел Реј“, а со Аргентина беше само трет на „Копа Америка“.