33-годишниот аргентински напаѓач на Барселона Лионел Меси, кој го постигна голот на натпреварот од 14. коло на Шпанското првенство со Валенсија, повтори значајно достигнување, информира „Фудбал Еспања“.
Голот постигнат против Валенсија беше 643. во кариерата на капитенот на Барселона во дресот на оваа екипа. Лионел Меси го повтори рекордот на легендарниот Бразилски фудбалер Пеле – постигна ист број на голови за Сантош. Да потсетиме дека од 1956 до 1974 година, Пеле настапуваше во Бразил за екипата на Сантош, по што помина две сезони во САД во клубот Њујорк Космос.
До крајот на 2020 година, Барселона во Шпанското првенство ќе се сретне со Ваљадолид (23 декември) и Еибар (29 декември). Многу е реално дека во блиска иднина Меси ќе го надмине рекордот на Пеле.

