Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез беше успешно опериран, објави самиот тој на социјалните мрежи.
Аргентинецот заработи повреда за време на првото четвртфинале во Лигата на Европа со Севиља, што ќе го исклучи од настап за својата екипа до крајот на сезоната.
Лисандро Мартинез има скршена метатарзална коска и се очекува да бидат потребни шест до осум недели за да закрепне.
„Се помина многу добро, фала му на Бога! Ви благодарам многу за сите ваши пораки. Сега се фокусирам на моето опоравување”, напиша фудбалерот на Манчестер Јунајтед.
Лисандро Мартинез беше важен дел од тимот на „црвените ѓаволи“, а неговата повреда секако ќе му донесе главоболки на менаџерот Ерик тен Хаг.