Премиер лигата го одби барањето на Лестер и Тотенхем утрешниот нивни меч да биде одложен. Последните два дуела на Спарс беа одложени поради заболени од Корона а тренерот, Антонио Конте, потенцираше дека ситуацијата е алармантна.
Според англиските медиуми, во Тотенхем има девет заразени играчи. Во Лестер ситуацијата е слична бидејќи девет играчи на „лисиците“ поради Ковид или повреди не му се достапни на Брендон Роџерс. Менаџерот на Лестер изјави дека е во прашање интегритетот на првенството.
„За жал, не ни беше понудено никакво решение, што на крајот беше разочарувачко. Имаме повреди, го имаме КОВИД и не можеме да правиме ротации во тимот. Имаме пет натпревари во 13 дена“ – вели Роџерс.

