Голманот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Доминик Ливаковиќ, зборуваше пред денешниот решавачки меч за неговата селекција против Италија во рамките на последното коло во групата „Б“.
Според анализата и математиката, „коцкестите“ мораат да одат на победа и немаат простор за калкулација.
„Најдобри сме кога е најтешко. Кохезијата е нашиот најдобар квалитет. Тоа не прави уште посилни бидејќи не гради како фудбалски тим“ – вели голманот на Хрватска.