Челниците на фудбалскиот состав Фирентина се обидуваат да дојдат до потписот на репрезентативниот голман на Хрватска, Доминик Ливаковиќ.
Тие за 28-годишниот чувар на мрежата на Динамо (Загреб испратија понуда од 6 милиони евра но, истата веројатно ќе биде одбиена, наведуваат медиумите во Италија.
Ливаковиќ во претходната сезона одигра 49 натпревари а на 13 од нив не прими гол. Тој за селекцијата на „коцкестите“ има одиграно 46 средби.