Ливерпул нема да се откаже од отштета за предвременото заминување на Трент Александер-Арнолд во Реал Мадрид
„Црвените“ се незадоволни што дефанзивецот ќе му се придружи на мадридскиот клуб како слободен агент и ќе биде ослободен само доколку Реал плати комплензација за настапот на Трент на Светското клупско првенство кое започнува на 14 јуни, објави „Кадена Копе“.
Договорот на Англичанецот со Ливерпул е до 30 јуни, но Реал Мадрид се надева дека Трент ќе го има своето деби за Мадрид на 18 јуни во натпревар против Ал-Хилал.
Реал Мадрид е подготвен да им плати на „црвените“ отштета за Трент во износ од 900 илјади евра.

